На редовното годишно Собрание на Комората на сметководители на Македонија кое се одржа денеска Драган Митковски беше реизбран на функцијата претседател на Комората. На седницата беа избрани и нови членови на Управен одбор, како и на Надзорен одбор на Комората.

Присутните членови на Собранието на Комората на сметководители на седницата во дискусијата по точките од дневниот ред ги споделија своите мислења околу предизвиците со кои се соочува сметководствената професија, нејзиното значење и улога во надминување на последици од кризата како и за можностите за нејзино подобро регулирање и создавање на услови за унапредување на професијата.

Членовите на органите на управување информираа за досегашните активности кои се преземени во комуникација со надлежните институции и поднесените барања и предлози поврзани со примена и промена на регулативата.

ПРЕТХОДНА ВЕСТФилипче: Целта е да се разграничат хронично болните кои можат да ги извршуваат секојдневните активности од тие кои имаат проблеми
СЛЕДНА ВЕСТАрсовска со нов мандат во Глобалниот комитет на жени лидери