Глобалниот долг ќе достигне рекордни 277 трилиони долари до крајот на оваа година поради натамошните трошоци на владите и компаниите како одговор на пандемијата Ковид-19, проценува Институтот за меѓународни финансии (ММФ) во својот извештај.

Според ММФ чии членови се повеќе од 400 банки и финансиски институции ширум светот, глобалниот долг се зголеми за 15 милијарди долари до септември годинава, на 272 трилиони долари. Речиси две третини од тоа зголемување се однесува главно на развиените пазарни земји, пренесува Ројтерс.

Вкупниот долг на развиените земји скокна на 432 проценти од БДП во третиот квартал, од нивото од околу 380 проценти на крајот на 2019 година.

Учеството на долгот во БДП на земјите во развој достигна скоро 250 проценти во третиот квартал, и 335 проценти во Кина. ММФ предвидува дека до крајот на годината, односот на долг на овие земји кон глобалниот БДП ќе достигне околу 365 проценти.

Се додава дека вкупниот американски долг е на пат да достигне 80 трилиони долари оваа година, во споредба со 71 милијарда долари во 2019 година.

Во еврозоната, долгот се зголеми за 1,5 трилиони на 53 трилиони долари до септември.

Меѓу економиите во развој, Либан, Кина, Малезија и Турција забележаа најголемо зголемување на долгот во нефинансискиот сектор досега оваа година.

Падот на владините приходи во економиите во развој го прават нивниот долг „многу потежок“, и покрај рекордно ниските трошоци за позајмување ширум светот.

ПРЕТХОДНА ВЕСТНа повидок ли е нов биткоин балон?
СЛЕДНА ВЕСТСкопје и Охрид како Амстердам, да се консумира марихуана во кафулињата?