Почетна ИНТЕРЕСНО Илон Маск повторно интервенира-ќе се зголеми ли сега вредноста на биткоинот?

Илон Маск повторно интервенира-ќе се зголеми ли сега вредноста на биткоинот?

39

Криптовалутите, вклучувајќи го и биткоинот, се намалуваат во последно време.

Биткоинот падна речиси за 50% од 14 април, кога достигна рекордно ниво од над 64.900. Цената на биткоинот скокна за повеќе од 8.000 долари во последните неколку дена, а некои предвидуваат дека биткоинот целосно ќе закрепне.

На 12 мај, твитот на Илон Маск дека Тесла повеќе нема да прифати биткоини како средство за плаќање, предизвика пад на оваа криптовалута и оттогаш не се опорави. Маск објасни дека рударството на биткоин е енергетски интензивно и не е еколошко. Следната недела, биткоинот падна за неколку илјади долари, губејќи речиси една четвртина од својата вредност. Оттогаш, Кина потисна се` што е поврзано со биткоинот, воведувајќи санкции за банките кои имаат било каков контакт со компании што продаваат биткоин, забранувајќи го рударството. Кина создава сопствена дигитална валута и со тоа сака да ги уништи своите конкуренти. Регулаторите во САД, Велика Британија и ЕУ, исто така, го комплицираат тргувањето со биткоин, бидејќи најпопуларните платформи за тргување, како што е Binance, се соочуваат со сериозна регулација. Многу земји велат дека криптовалутите се преплавени со нелегални активности како што е перење пари. Во меѓувреме, инвеститорите навикнати на фактот дека биткоинот достигнува нови рекордни нивоа секој ден, одеднаш претрпеа загуби и ги продадоа биткоините, плашејќи се дека скептиците се во право и дека е само прашање на време кога оваа криптовалута ќе пропадне.

Во последните денови, некои аналитичари предвидуваа дека ако работите не се променат во блиска иднина, цената на биткоинот може да падне на 21.000 долари. На 21 јули, Илон Маск бил гостин на конференцијата за криптовалути. Тој рече дека Тесла повторно ќе го воведе биткоинот како средство за плаќање. Цената на биткоинот скокна за неколку минути, а краткорочниот тренд на раст е повторно воспоставен во наредните денови. Но, не бил само Маск тој што помогнал да се зголеми цената. Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, рече дека крипто -валутите се голем дел од иднината на компанијата, а Кети Вуд од Арк Инвест уште еднаш изрази оптимизам за цената на биткоинот.

ЏП Морган ја намали целната цена за Биткоин од претходните 146.000 долари на 130.000 долари, но тоа е сепак многу повеќе од сегашната цена од околу 38.000 долари. Ark Invest продолжува да купува голем број биткоини и има долгорочна целна цена од 500.000 долари.

Следните неколку недели ќе бидат клучни кога ќе се види дали се враќа биткоинот или ова е само една краткорочна осцилација.

ПРЕТХОДНА ВЕСТТетово најкритично, денеска хоспитализирани 32 пациенти
СЛЕДНА ВЕСТИутеКредит Македонија оствари добивка од 37 милиони денари во првите шест месеци од 2021 година