Како одговор на пожарите што избувнаа во Северна Македонија кон крајот на јули, Европската Унија обезбедува 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите.
Овие средства од ЕУ го поддржуваат националниот Црвен крст во испораката на потребната помош, вклучувајќи храна и други основни производи.
Корисници на оваа хуманитарна помош ќе бидат 12.600 погодени лица составена од храна и хигиенски пакети, пакети за бебиња, сетови за прва помош, душеци, ќебиња, кујнски прибор и постелнина. Исто така, ќе продолжи поддршката за противпожарните тимови што дејствуваат на терен.
Средствата се дел од вкупниот придонес на ЕУ во Фондот за итна помош при катастрофи (ДРЕФ) на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC).
Почнувајќи од 30 јули 2021 година, земјава беше погодена од топлотен бран што резултираше со големи пожари во неколку региони во земјата. Тие доведоа до опустошување на шуми, плодно земјиште, посеви и имот на населението. Едно лице загина, а неколкумина беа повредени. Бројни куќи, како и други објекти изгореа и беа оштетени во многу села.
Инаку, преку својот Оддел за цивилна заштита и операции за хуманитарна помош, Европската унија им помага на милиони жртви на конфликти и катастрофи секоја година. Со седиште во Брисел и глобална мрежа на теренски канцеларии, Европската унија обезбедува помош за најранливите луѓе врз основа на хуманитарни потреби.
Европската унија е потписник на Договорот за хуманитарна делегација од 3 милиони евра со Меѓународната федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) за поддршка на Фондот за итна помош при катастрофи (ДРЕФ). Средствата од ДРЕФ главно се распределуваат за катастрофи од „мал обем“- оние што не бараат формална меѓународна акција.
Фондот за итна помош при катастрофи е основан во 1985 година и е поддржан од придонеси на донатори. Секој пат кога на Националното друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина му е потребна итна финансиска поддршка за да одговори на катастрофа, може да побара средства од ДРЕФ. За катастрофи од мал обем, ИФРЦ доделува грантови од Фондот, кои потоа можат да се надополнат од донаторите. Договорот за делегација помеѓу ИФРЦ и EЦХО му овозможува на вториот да го надополни ДРЕФ за договорени операции (кои се вклопуваат во неговиот хуманитарен мандат) до вкупно 3 милиони евра.