ИутеКредит Македонија забележа позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2021 година остварувајќи добивка од 37 милиони денари.
Компанијата бележи и значително подобрување на профитабилноста со што показателот за поврат на активата е позитивен и изнесува 4% што е за 30% повисок раст во однос на првото полугодие во 2020 година.
ИутеКредит Македонија бележи и позитивен тренд на ефикасноста по вработен која континуирано се подобрува и во однос на минатата година забележа раст од 80%.
Вкупните оперативни трошоци на компанијата учествуваат со 49% во вкупните приходи што претставува годишен пад за 15%.
Компанијата ја одбележа првата половина од 2021 година со лансирање на две иновативни решенија за своите корисници.
Првото е мобилната апликација MyIute која на корисниците им овозможува брзо и лесно аплицирање за кредит каде и да се, со дополнителни бенефити и попусти на провизии за секој потпишан договор преку мобилната апликација.
Вториот новитет се безкартичните банкомати кои наскоро ќе бидат присутни во сите експозитури на ИутеКредит Македонија.