Од Министерството за здравство сметаат дека причина за намалување на бројот на заболени и на пациенти од сезонски грип се мерките за заштита од ковид-19

Во сезоната 2020/2021 година вкупниот број заболени од сезонски грип изнесува 539, што е за 92,5 отсто помалку споредено со истиот период лани и 94,5 отсто помалку во однос на типичната сезонска крива, соопшти Министерството за здравство.

Најголемиот број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (228 случаи), а највисок процент (на 100) се регистрира кај децата на возраст до четири години.

Во петтата недела од 2021 година пријавени се 45 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи намалување во споредба со минатата сезона и со типичната сезонска крива.

Досега од сезонски грип вакцинирани се вкупно 39 488 лица, од кои 28 922 лица со бесплатна вакцина, додека пак 10 566 лица со комерцијалните вакцини.

Од Министерството за здравство сметаат дека причина за намалување на бројот на заболени и на пациенти од сезонски грип се мерките за заштита од ковид-19.

ПРЕТХОДНА ВЕСТШпанија планира фабриката на Нисан да ја пренамени за производство на батерии за електрични автомобили
СЛЕДНА ВЕСТЗавршен збор за „Таргет и Тврдина“: Главното прашање не е како е откриено незаконското прилушување, туку колку траело!