Двајца брокери од Кина, тргувањето со криптовалути преку Интернет го гледаат како натпревар помеѓу разни земји во светот.
Футу и Тајгер Брокерс уште минатиот месец открија дека аплицирале за лиценци во Сингапур и САД за да им овозможат на локалните купувачи да тргуваат со дигитални валути.
Овој потег доаѓа во моментот кога криптовалутите како биткоинот се најдоа повторно во центарот на вниманието во последните месеци, додека кинеските регулатори ги засилија напорите за спречување на шпекулациите на пазарот. Во последниве недели, властите издадоа нови предупредувања против дигиталното тргување со валути и сузбивањето на рударството на биткоин кое на некој начин е енергетски интензивен компјутерски процес што им овозможува на учесниците да заработат биткоин
Но во светот на финансиската трговија, побарувачката за криптовалути е голема бидејќи цената на биткоинот се искачи на рекордно ниво над 60.000 долари, пиако претходно нагло падна на околу 35.000 долари.
Robinhood платформата која започна трговија со биткоин и етереум во САД на почетокот на 2018 година, има стекнато дури три милиони нови клиенти месечно за својата крипто деловна активност оваа година. Во април, американската интернет берза за тргување со криптовалути Coinbase дебитираше на Nasdaq.
„Го препознавме големиот интерес на нашите корисници ширум светот во однос на криптовалутите. Го слушаме гласот од пазарот “, изјави Артур Чен, кој е главен финансиски директор на Футу.
Тој се надева дека компанијата ќе понуди производи поврзани со криптовалути веќе на крајот на оваа година.