epa08570158 The Nissan logo is displayed at a dealership in Tokyo, Japan, 28 July 2020. Nissan forecasts a 6.4 billion US dollar net loss in the current fiscal year, ending March 2021, after sales were badly effected by the coronavirus pandemic. EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Шпанија размислува фабриката на јапонскиот производител на автомобили Нисан, што требаше да биде затворена во декември, да ја пренамени за производство на батерии за електрични автомобили.

Нисан има три погони во околината на Барселона, во кои се вработени околу 3.000 луѓе, кои требаа да бидат затворени во декември, но тоа беше одложено за една година со цел властите да имаат повеќе време да пронајдат купец. Фабриката на Нисан е изградена на земјиште во државна сопственост.

Каталонската Влада го поддржува проектот за изградба на погон за производство и рециклирање на батерии. Проектот „Батери хуб” (Battery Hub) бара 6,8 милијарди од европскиот пакет помош за обнова на економијата во висина од 140 милијарди евра,

Европска Унија се залага за домашно производство на батерии со цел производителите на автомобили помалку да се потпираат на увозот од Кина, да се зголеми производството на електрични возила за да се задоволат строгите европски прописи за емисии на штетните гасови.

ПРЕТХОДНА ВЕСТБезос се фати во костец со најбогатиот човек во Индија на новиот бизнис-фронт
СЛЕДНА ВЕСТБројот на заболени од сезонски грип оваа сезона помал за речиси 93 отсто