Home МАКЕДОНИЈА Битиќи најави 100 проценти повисока дневница за оние кои ќе работат во недела ама и повисоки давачки за објектите

Битиќи најави 100 проценти повисока дневница за оние кои ќе работат во недела ама и повисоки давачки за објектите

0
Битиќи најави 100 проценти повисока дневница за оние кои ќе работат во недела ама и повисоки давачки за објектите

Неделата ќе остане да биде работен ден за некои трговски објекти. Угостителите пак, ќе работат во една смена од 10 до 18 часот. Работниците , ќе добијат 100 проценти повисока дневница.

Ова го потенцираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во 24 анализа, истакнувајќи дека трговските објекти ќе плаќаат плус давачка за работата во недела која ќе дибде до 2 отсто од приходите заработени во недела и истата таа давачка ќе биде наменска за исградба на детски градинки.

Според Битиќи, моделот кој е направен е затоа што се грижат за економијата, но и за правата на работниците.