Укината е забраната за движење на товарни моторни возила за премин преку превојот Плетвар, информираат од АМСМ.

„Од 10:30 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар.“, велат од АМСМ.

Утрово репортерот на ТВ21 од Плетвар известуваше за неколку заглавени камиони на превојот. Забраната за движење на ТМВ на Плетвар беше воведена поради големите врнежи од снег.

Утрово беа укинати забраните за тешки товарни возила и на превојот Ѓавато, како и на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир.