Трамп се пофали дека победува во Пенсилаванија, Џорџија и Висконсин .
-Најважно е да добиеме во Пенсилванија со огромна разлика. Што е до мене, веќе победивме.Победивме во Флорида и тоа е голема победа. Победивме во големата држава Охајо и Тексас.Ја освоиме и Џорџија. Јасно е дека победивме и во Северна каролина, порача Доналд Трамп во своето обраќање.
Актуелниот претседател на САД воено истакна дека ќе бара од Врховниот суд да го запре пребројувањето на гласовите.
-Одеднаш се застана, ова е измама. Ние победивме на овие избори. Наша цел е да го обезбедиме интегритетот на нашата нација. Ќе одиме на Врховен суд . Ова е многу тажен момент, ние ќе победиме . Сакам на сите да ви се заблагодарам за поддршката. Ова е измама на американскиот народ и срам за нашата земја. Ќе победиме , изјави самоуверениот Доналд Трамп.