Угостителските објекти од денеска ќе работат само до 21.00 според мерките кои ги донесе Владата на вчерашната седница. Ова ќе важи и за кафулињата и рестораните кои работат на самите бензиски станици.

Исклучок од ова правило се угостителските објекти на ТАВ-аеродромите во Скопје и Охрид, хотелските ресторани за гостите кои се сместени во хотелите, како и доставата и шалтерската продажба на храна.

Покрај тоа, од денеска по 21.00 ласот започнува забраната за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор.

Наедно усвоена е и препорака граѓаните на територијата на државава по 21.00 часот да не се движат на јавен простор без важни и неопходни потреби.

Препорачано им е на граѓаните да не се групираат во домовите за семејни прослави, слави или други собири во групи поголеми од четири лица, кои не живеат во иста заедница.