По пасошите и новите лични карти ќе се издаваат со уставното име „Република Северна Македонија“. Законот го помина првиот собраниски филтер. Личните карти ќе се усогласуваат со Уставните амандмани и Законот за употреба на јазиците.

Старите лични карти на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година. Личните карти на Албанците автоматски ќе се издаваат на македонски и албански јазик, а не како досега тоа да се прави на нивно барање. Другите припадници на етничките заедници кои се наведени во Уставот а се помалку од 20% доколку сакаат може да поднесат барање личните карти да се издадат и на нивниот јазик. Поради процедурални забелешки пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштиле седницата на законодавно правната комисија.

Предлагач на законот е Владата и во него е наведено дека нема да предизвика фискални импликации и дополнителни финансиски средства од Буџетот.Во второто читање партиите имаат можност да интервенираат амандмански.

ПРЕТХОДНА ВЕСТДенеска е регистриран 21 нов случај на ковид-19, нема починати лица
СЛЕДНА ВЕСТНаместо минимално поефтинување реално поскапување – граѓаните сепак ќе плаќаат поскапа струја