Владата синоќа одлучи полицискиот час од денеска да започнува од 23.00, а да трае до 05.00 часот следниот ден.
Од денеска е сменето и работното време на угостителските објекти кои ќе трае до 22.30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.
На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви ковид-19.