Home МАКЕДОНИЈА Решение со Бугарија па старт на преговорите со ЕУ

Решение со Бугарија па старт на преговорите со ЕУ

0
Решение со Бугарија па старт на преговорите со ЕУ
Macedonia and Bulgaria flags with Speech Bubbles. 3D illustration

Без напредок во спорот со Бугарија, С Македонија не може да се надева на отворање на преговорите за пристапување во ЕУ, порача вчера за време на посетата во Скопје еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

-Напорно работиме на случајот на Северна Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, одговорајќи на прашање на МИА дали е можно отворање на пристапните преговори во јуни и раздвојување на Северна Македонија и Албанија.

За одвојувањето на Скопје и Тирана, Вархеји рече дека пристапниот процес се базира на постигнувања.

– Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Северна Македонија мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција. Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји, рече Вархеји.