Почетна МАКЕДОНИЈА Претпладнево сонце, попладне се очекува снег

Претпладнево сонце, попладне се очекува снег

38

Утрово најстудено со -2 степени беше во Маврово, Кр.Паланка, Берово, Крушево, Пожаране, -1 Куманово, Струмица, Битола, Прилеп, Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев. Рид, Штип, Виница, 0 Д. Капија, 1 Тетово,  Дебар, 2 Претор, 3 Охрид, Гевгелија, Дојран.

Преку ноќта беше умерено до значително облачно со умерен северозападен ветер на Ѓуриште.

Утрово е претежно облачно, само понекаде со слаб дожд. Вдолж Повардарието дува слаб до умерен северен ветер.

 Претежно облачно, претпладне на југоистокот со сончеви периоди, а од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи од снег кои на пониските места особено долж Повардарието ќе започнуваат како дожд и ќе преминува во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЕлон Маск изгуби 14 милијарди долари во еден ден, пак е втор најбогат човек во светот
СЛЕДНА ВЕСТИма 240 милиони долари во биткоини, а не си ја знае лозинката да ги отклучи