Стефан Томас има само две шанси да стигне до своето богатство од 240 милиони долари. Толку наводно е вредноста на 7.002 биткоини кои овој програмер од Сан Франциско ги доби пред десет години како награда за снимање на видео снимка која објаснува како криптовалутите функционираат.
Меѓутоа, во моментот кога подарокот пристигнал, биткоините вределе два до шест долари од парче. Тој тогаш ги спакувал во својот „дигитален паричник“ и заборавил на нив.
Сега секој биткоин вреди 34.000 долари, а содржината на неговиот паричник е проценет на 240 милиони долари. Но, Томас ја заборавил лозинката со која треба да го отклучи неговото богатство, пишува Гардијан.
Томас, роден во Германија, веќе осум пати внесол погрешна лозинка, а ако уште два пати погоди погрешно, дискот, кој ги содржи неговите приватни клучеви за биткоините, ќе биде заклучен и никогаш нема да ги види парите.
Цената на биткоините порасна и над 40.000 долари
Цената на биткоините минатата недела достигна вредност од повеќе од 40.000 долари. Од тогаш опадна, но и понатаму порасна за повеќе од 700 отсто од кога започна пандемијата во март минатата година. Томас рекол дека ги пробал своите осум најчесто користени лозинки за пристап на својот хард-диск „IronKeis“, но сите биле погрешни.
„Само легнував во кревет и размислував за тоа“, рекол Томас за Њујорк тајмс. „Тогаш ќе го пуштев компјутерот со некоја нова стратегија. И не би успеала и повторно бев очаен“.
Кога се дознало за приказната на Томас, почнале да стигнуваат совети.
Алекс Стамос, експерт за интернет безбедност во Стенфорд рекол дека лозинката би можел да ја дознае во рок од шест месеци ако Томас му даде 10 отсто од дигиталното богатство.