Министерот за здравство Венко Филипче денеска во изјава за медиумите посочи дека во наредниве седум дена се очекува да пристигнат 500 илјади дози од кинеската вакцина „Синовак“.
„Вчера ни беше најавено од страна на амбасадата на Народна Република Кина дека во следните 7 дена треба да ги очекуваме и 500 000 дози на Синовак“, вели Филипче.
По новинарско прашање околу пристигнувањето на руските вакцини „Спутник Ве“, Филипче истакна дека засега не се знае точниот термин кога треба да пристигнат тие вакцини.