Почетна ИНТЕРЕСНО Елон Маск изгуби 14 милијарди долари во еден ден, пак е втор...

Елон Маск изгуби 14 милијарди долари во еден ден, пак е втор најбогат човек во светот

38

Сопственикот на компаниите Tesla и SpaceX, Елон Маск, кој неодамна беше прогласен за најбогат човек на светот, повторно се најде на второто место на листата, откако неговото богатство во само еден ден се намали за скоро 14 милијарди долари.

За споредба, македонскиот брутодомашен производ (БДП) – вкупната пазарна вредност на сите произведени стоки и пружени услуги во земјава, изнесуваше околу 12.7 милијарди долари во 2019 година.

Акциите на компанијата на Маск за електрични возила – Tesla вчера паднаа за речиси осум отсто, со што нето вредноста на богатството на Маск се намали за 13,5 милијарди долари и сега изнесува 176,2 милијарди долари, според проценките на Форбс.

Откако во петокот накратко го престигна извршниот директор на Amazon, Џеф Безос, како најбогат човек во на светот, Маск повторно се најде на второто место на таа листа.

Сега заостанува околу шест милијарди долари зад Безос, чија нето-вредност се проценува на 182,1 милијарди долари. И акциите на Amazon вчера паднаа за повеќе од два процента, што значи намалување за 3,6 милијарди долари.

И покрај падот, Маск е сè уште околу 20 милијарди долари побогат од третиот најбогат човек во светот, францускиот тајкун во секторот луксузни стоки, Бернард Арно. Неговото богатство, пак, се проценува на 154,6 милијарди долари.