Фантастичен раст на цените на недвижнините во последниот период, а годинава продолжува трендот и на зголемен интерес за купување. Податоците Кварталниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижнини покажуваат дека за првите три месеци годинава купени се недвижнини во сличен обем како и истиот период лани. Сепак купопродажбите се засилуваат сезонски многу повеќе во другите месеци, па и во вториот квартал за кој податоците допрва ќе се генерираат. Во јануари, февруари и март, Катастар регистрира 4.776 купопродажби кои се во вкупна вредност од 175 милиони евра. Тоа значи дека секој ден во земјава низ купопродажба на недвижнини се вртеле по безмалку два милиони евра.

Податоците на Агенцијата покажуваат дека најголем дел од овие трансакции се всушност продажби на што отпаѓаат 130 милиони од вкупната сума, а многу помалку се реализирале на лицитација или само половина милион евра. Точно 4,2 милиони евра се траснакции за откуп од инвеститор, а 2,5 милиони евра како откуп од државата.

Поинакви податоци особено за вкупната вредност на тарснакациите секако треба да се очекуваат за вториот квартал годинава. Фактор веќе пишуваше дека во тоа тромесечје беше регистриран историски раст на цените на недвижнините. Имено во вториот квартал годинава недвижнините пораснале за дури три проценти, раст каков што не е регистриран од 2010 година. Ако се анализира на годишно ниво, цената на недвижнините се зголемила уште подрастично во однос на истиот период лани – за дури 4 проценти. Градежниците веќе најавија значаен раст на цените, ама никој не предвиде дека само за три месеци становите и куќите ќе поскапат толку. Како клучна причина за поскапувањето се посочува зголемувањето на цената на градежните материјали, но и генералниот регионален тренд на раст на цените во секторот.

Побарувачката за станови ја крена цената на недвижнините, но ги вивна и станбените кредити. Народната банка регистрира годишен раст на овој вид кредити од над 14 проценти.

Во периодот во за кој има последни податоци од Агенцијата, односно, првото тромесечје годинава, има значаен раст и на закупите во државата и во обем и во вредност. Во тој период реализирани се 2.450 закупи, вредни околу 850 илјади евра.

ПРЕТХОДНА ВЕСТ„Adidas“ најде купувач за „Reebok“
СЛЕДНА ВЕСТРасте јавниот долг на Европа