Актуелната пандемија го зарази светот не само со вирус, туку и со долгови. Поради големите вложувања во здравството и економијата, растат долговите на државите, а на личен план, тие кои се заразиле со Ковид-19 знаат дека тоа претставува додатен трошок.

Така, јавниот долг на еврозоната, односно на нејзините земји-членки, достигна вредност на сето тоа што, инаку силната економија, го направи за година дена. Бидејќи станува збор номинално за илјадници милијарди евра, полесно е да се каже дека јавниот долг на Еврозоната за прв пат го надмина нивото од 100 проценти од бруто домашниот производ (БДП) во првото четвртина од 2021 година. 

Според штотуку објавените податоци од Евростат, јавниот долг на еврозоната во првата четвртина од 2021-ва година се искачил за 100,5 проценти БДП со нивото од 97,8 проценти на крајот од последната четвртина на 2020-та година. Во ЕУ тој однос пораснал од 90,5 на 92,9 отсто, пренесува Политика.

Грција имаше највисоко ниво на државен долг кон БДП на крајот на првата четвртина од 2021 година (209,3 проценти), потоа Италија (160), Португалија (137,2), Кипар (125,7) и Шпанија (125,2).), Белгија (118,6) и Франција (118), додека најниско ниво има во Естонија (18,5), Бугарија (25,1) и Луксембург (28,1). 

Вкупниот јавен долг на Република Северна Македонија, според последните податоци објавени од Министерството за финансии е во пораст и е 64,4 проценти од БДП, односно 7.386,8 милиони евра.