Во ковид-центрите низ државата има вкупно 318 пациенти, од кои во Скопје се 138, а 181 во другите градови. Според последните податоци од Министерството за здравство, има 574 празни болнички кревети, а од нив 70 се во Скопје.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа поради компликации од корона вирусот се хоспитализирани 5 нови пациенти и тоа еден на Институтот за ТБЦ, двајца во ГОБ 8 Септември и двајца на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а дома биле пуштени двајца оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 50 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 68 пациенти.

Што се однесува до ковид-центрите во другите градови, и натаму најмногу пациенти има во Куманово-34 и во Охрид-25. Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, во Штип има 19 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, а во Велес се лекуваат 17 болни. Во ковид-центарот во Прилеп има 12 пациенти, во Гостивар двајца, во Струга 22, во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти, но Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

ПРЕТХОДНА ВЕСТОштетените штедачи од Еуростандард денеска очекуваат мериторна одлука од Уставниот суд
СЛЕДНА ВЕСТУмерен оптимизам за решение на спорот со Бугарија во јуни