Третиот најголем дијамант во светот неодамна беше пронајден во Боцвана, објави компанијата Дебсвана.

Откритието се случило на 1 јуни, а дијамантот прв го видел претседателот на Боцвана

„Ова се смета за трето најголемо откритие на скапоцен камен во светот“, рече директорот на компанијата Дебсване, Линет Амстронг.

„Редок и извонреден камен, ова е од големо значење за Боцвана. Тоа носи надеж на нацијата која минува низ тешки времиња“, додаде таа.

Најголемиот дијамант во светот, Кулинан од 3106 карати, е пронајден во Јужна Африка во 1905 година. Втор по големина е Леседи Ла Рона од 1109 карати, откриен на северо-исток од Боцвана во 2015 година.

Да потсетиме, Боцвана е водечки африкански производител на дијаманти.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЕУ позајми 20 милијарди евра за закрепнување од пандемијата
СЛЕДНА ВЕСТПендаровски на средба со Ердоган во Анталија