Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ се согласи да го продаде проблематичниот бренд „Reebok“ на „Authentic Brands Group Inc.“ за 2,1 милијарди евра, според „Bloomberg“.

Договорот се очекува да заврши во првиот квартал од 2022-ра година.

Извршниот директор на „Authentic Brands“, Џејми Салтер рече дека договорот е „важна пресвртница“ во растот на компанијата.

„Посветени сме на зачувување на интегритетот, иновативноста и вредностите на „Reebok““, додаде тој.

„Authentic Brands“, која неодамна аплицираше за првична јавна понуда (ИПО) во Соединетите држави, веќе се здобија со повеќе од 30 различни компании, вклучително и несолвентни средства како што се „Barneys New York“ и „Brooks Brothers“.

Претходно оваа година „Authentic Brands“ го купија „Eddie Bauer“ преку „Sparc Group“, нејзино заедничко вложување со „Simon Property Group“.

„Authentic Brands“, чии портфолио на компании ги вклучуваат и „Forever 21“ и „Sports Illustrated“, се здоби со колекција на брендови од „PVH Corp.“, која ги вклучува „Izod“ и „Van Heusen“.

Одлуката за продажба на „Reebok“ беше дел од новата петгодишна стратегија што „Adidas“ ја претстави во март. Компанијата го купи американскиот бренд пред 15 години во обид да го прошири својот досег на домашниот пазар на „Nike“. Во тоа време „Reebok“ имаше договори со Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Националната фудбалска лига.

Договорот нема да ги промени финансиските изгледи на „Adidas“ за оваа година или најавените долгорочни цели, соопшти компанијата. Поголемиот дел од готовинските приходи ќе бидат распределени меѓу акционерите.