Една од најголемите руски авиокомпании „НОРДВИНД” најави дека од 2022 година, после точно 20 години пауза, повторно ќе ги поврзе Охрид и Москва со чартер лет, два пати неделно.

По неколку обиди минативе годините да се воспостави соработка на полето на туризмот и бројни посети на тур-оператори од Руската Федерација, со отворање на директна линија Скопје-Москва се отвара можност за соработка со еден од најголемите пазари.

Интересот на Руските туристи генерално е насочен кон културниот и верскиот туризам, но во последно време доминира интересот за специјализирани кратки одмори, до 4 дена, во кои руските туристи би имале полна агенда. Ено-гастро туризмот е нешто за што веќе има интерес и резервации, а веднаш зад него е активниот туризам, посебно параглајдингот.

Со воспоставување на редовна директна воздушна линија Скопје-Москва се овозможува и полесна соработка на сите полиња полиња, а посебно важно е дека ќе се зголеми просечниот престој на туристите од Руската Федерација од 2.2 дена на минимум 4 дена и ќе продолжи трендот на пораст на туристи од овој пазар, кој пред Корона кризата растел со 13% на годишно ниво.

Она што е карактеристично за оваа авио-компанија се флексибилните авионски билети, опции за лојалност и распоредот на летови, што овозможува полесно движење на туристите кои сакаат да патуваат индивидуално, но и оние кои ќе одлучат тоа да го сторат со посредништво од туристичка агенција.

Во периодот кој претстои, АППТ ќе организира бројни информативни патувања и Б2Б состаноци на рускиот и македонскиот туристички сектор, додека во 2022 година промоцијата на овој пазар ќе ја зајакне со промотивна кампања за туристичките потенцијали на земјава.

ПРЕТХОДНА ВЕСТКризата со корона ја чини Aвстрија околу 100 милијарди евра
СЛЕДНА ВЕСТ„Adidas“ најде купувач за „Reebok“