Home МАКЕДОНИЈА По 20 години Македонија и Русија се поврзуваат повторно по воздушен пат

По 20 години Македонија и Русија се поврзуваат повторно по воздушен пат

0
По 20 години Македонија и Русија се поврзуваат повторно по воздушен пат

После 20 години, авионите ќе ги шират крилјата на небото од Скопје кон Москва.

Македонија и Русија ја обновуваат директната линија Скопје-Москва која беше пролонгирана поради пандемијата со коронавирусот.

Денес попладне во 17 часот и 10 минути од Москва ќе пристигне првиот лет кој ќе го има компанијата  „Нордвинд” .

Авиолинијата според најавеното ќе ја има еднаш неделно односно секој петок . Времето на тргнување од Меѓународниот аеродром „Шереметјево” во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути.