Стартува етапната исплата на пензиите. И месецов на сметките на пензионерите ќе легнат јулските пензии предвремено а според надлежните тоа се случува поради заштита од коронавирусот на пензионерите како најранлива возрасна група.

Од МТСП соопштија дека пензиите ќе може да се подигнат од банките за оние кои не користат картички и тоа преку четири групи се зависно од пензијата.

Оние кои имаат платежна картичка пак веќе од денес може да располагаат со парите од нивната пензија.