Британскиот финансиски регулатор (FCA) го забрани работењето на популарната платформа за тргување со крипто-валути Бајненс (Binance Markets limited – BML) .

„Бајненс не смее да презема никакви регулирани активности во Велика Британија“, се вели во соопштението на FCA, пренесува CNN.

Бајнанс, една од најголемите крипто берзи во светот, им овозможува на инвеститорите да купуваат и тргуваат со крипто-валути преку интернет.

„Ниту еден субјект во групата Бајнанс не поседува каков било вид одобрување, регистрација или лиценца за вршење регулирани активности во Велика Британија“, се додава во соопштението.

Тргувањето со криптовалути не е директно регулирано во Велика Британија, и за други поврзани активности, како што е продажба на финансиски деривати, потребно е одобрување.

Објавата предупредува и на нестабилноста на пазарот на крипто валути.

„Пазете се од реклами на Интернет и на социјалните мрежи кои ветуваат висок принос на инвестициите во крипто средства или производи поврзани со крипто средства“, соопштија од FCA.

Забраната во Велика Британија уследи по веста дека јапонските регулатори испратиле предупредување до Бајненс во петокот во кое се наведува дека платформата може да работи во таа земја без соодветно одобрување. Бајненс, исто така, повеќе нема да обезбедува услуги на клиенти во Онтарио, Канада, од 31 декември, бидејќи тамошните регулатори исто така го зајакнаа својот надзор над пазарот на крипто.

ПРЕТХОДНА ВЕСТПензиите ќе легнуваат од денес
СЛЕДНА ВЕСТЕпидемиолошката состојба со Ковид-19 стабилна, од утре свадби и во затворен простор