Скопје, Тетово и Гостивар се градовите во кои во овој момент има најмногу заразени од коронавирусот.

Само во последните 24 часа таму се регистрирани најмногу случаи на позитивни .

• Скопје – 230

• Тетово – 101

• Гостивар – 82

Уште шест лица починаа од коронавирус во Македонија и регистрирани се 639 нови случаи на инфекција, соопшти вчера Министерството за здравство.

Новиот број на заболени од ковид беше потврден со 5.390 тестови во претходните 24 часа и 11,86 проценти од тестираните беа позитивни.

Досега, 5.527 луѓе починаа од коронавирус во Македонија, 159.908 се дијагностицирани, а 3.746 се активни.

Институтот за јавно здравје регистрираше дека се излечени уште 22 пациенти, така што вкупниот број на излечени пациенти се зголемил на 150.635.

Аплицирани над милион дози вакцини

Бројот на вакцини против ковид во земјава надмина милион, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој напиша на Фејсбук дека досега во Македонија се дадени вкупно 1.016.700 дози вакцини и дека се ревакцинирани 454.788 граѓани.

„Вакцинацијата на контролните пунктови се одвива непречено и со зголемен интерес, а новоотворените пунктови го дисперзираат зголемениот обем на работа на медицинскиот персонал во поликлиниките и ги намалуваат редиците“, истакна Филипче.

Интересот на македонските граѓани за вакцината е значително зголемен од 8 август, ден откако владата во Скопје поради зголемениот број на заразени објави дека од 16 август без потврда за вакцинација нема да може да се влезе во ниту еден објект што прима повеќе од 30 луѓе, вклучувајќи кафулиња и ресторани.

ПРЕТХОДНА ВЕСТВо поплавите во Турција досега настрадаа најмалку 27 лица
СЛЕДНА ВЕСТТАТКОТО НА БРИТНИ СПИРС СЕ СОГЛАСИ ВЕЌЕ ДА НЕ Ѝ БИДЕ СТАРАТЕЛ