Во поплавите што ги погодија турските градови долж брегот на Црното Море загинаа најмалку 27 лица, соопшти денеска Службата за вонредни ситуации, за втората голема природна катастрофа во Турција овој месец.

Поплавите предизвикаа хаос во северните провинции, додека на југот на земјата властите две недели се бореа со огнот, но Службата за вонредни состојби сооошти дека ситуацијата сега е под контрола, пренесоа британските медиуми.

Во провинцијата Кастамону, 25 лица загинаа поради поплавите, а уште две лица загинаа во провинцијата Синоп, а продолжува потрагата по исчезнатите во провинцијата Бартин.

Повеќе од 1.700 луѓе се евакуирани од погодените области, а некои од нив мораа да бидат евакуирани со чамци и хеликоптери.

ПРЕТХОДНА ВЕСТКазнети 346 возачи за возење над дозволената брзина
СЛЕДНА ВЕСТОвие три градови имаат најмногу заразени од ковид-19