Home МАКЕДОНИЈА Над 4.000 семејства од Битола аплицираа за субвенции за инвертер клима уреди

Над 4.000 семејства од Битола аплицираа за субвенции за инвертер клима уреди

0
Над 4.000 семејства од Битола аплицираа за субвенции за инвертер клима уреди

Општина Битола информира дека за субвенционирање на инвертер клима уред аплицирале 4.039 семејства, а Комисијата надлежна за спроведување на постапката утврдила 2.792 апликанти, потенцијални добитници на субвенцијата.

Според извештајот на Комисијата, за субвенција аплицирале 3.332 семејства од прва градска зона, а потенцијално, субвенцијата ќе може да ја искористат 2.328 апликанти, додека од втората зона евидентирани се 707 апликанти, но според критериумите на комисијата, во прелиминарниот список евидентирани се 464 уредни апликации.

–Најголем број од апликантите се отфрлени заради неуредна документација, известија од тамошната локална самоуправа.