Исплатата на пензиите почнува денеска. По препорака на Владата и овој месец пензиите ќе се исплатуваат по групи секој ден до 30 октомври односно до петок.

Имено се препорачува пензионерите кои имаат картики да не одат дошалтер, а тие кои чекаат готовинска исплата се организираат во четири групи според распоред составен според висината на пензијата.

Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари.

Во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари.

Во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари

Во петок, на 30.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Банките веќе објавуваат дека исплатата почнува денеска.

ПРЕТХОДНА ВЕСТВицепремиерот Николовски назначен за претседавач на Антикорупциската деловна коалиција
СЛЕДНА ВЕСТКвалитетот на воздухот во Лондон драматично се подобри од 2016 година досега