London

Според градоначалникот на Лондон, Садик Кан, политиките поврзани со загадувањето даваат одлични резултати. Локалните власти го намалиле бројот на училишта во области со повисоко ниво на загаденост од дозволеното, од 455 на само 14 училишта, додека бројот на лондончани што живееле во зони со недозволено ниво на загаденост се намалил за 94 отсто.

Во 2016 година Лондон ја надмина законската граница за азот диоксид повеќе од 4.000 часа. Според најновите бројки, сега е само 100 часа. Тоа се случило во 2019 година, дури и пред карантинот, кога сообраќајот беше значително намален.

Освен тоа, Лондон воведе „Ултраниска зона на емисии“. Така, во централен Лондон моторџиите плаќаат ако нивните возила не ги исполнуваат строгите стандарди за емисии. Оваа шема довела до 44 отсто намалување на азот диоксид.

Во меѓувреме, 79 отсто од возилата што се возат во „Ултраниската зона на емисии“ сега ги исполнуваат критериумите за емисии. Се проценува дека емисиите на јаглероден диоксид се намалиле за 12.300 тони.

Во 2021 година е планирано проширувањето на „Ултра ниската зона на емисии“, покривајќи област што е дом на 3,8 милиони луѓе. Ова би спречило 1 милион приеми во болници во наредните 30 години, заштедувајќи му 5 милиони фунти на националниот здравствен систем.

Сепак, борбата на Лондон против емисиите е далеку од завршена. 99 отсто од луѓето и понатаму живеат во области што ги надминуваат насоките на Светската здравствена организација за отровни честички познати како ПМ 2,5. Пратениците притискаат построгите ограничувања од СЗО да станат дел од британскиот закон до 2030 година.

Чистиот воздух би ја подобрил економијата на Британија за 1,6 милион фунти, а со спречување на лошото здравје на населението би можело да ѝ се дадат дополнителни 3 милиони работни дена на државата.

Проблемот со лошиот квалитет на воздухот е глобален. Се проценува дека загадувањето убива 7 милиони луѓе низ светот на годишно ниво. Освен тоа, долгорочната изложеност на умерено загадување на воздухот го зголемува ризикот за смртност од Ковид-19.

Многу градови низ Европа, од Берлин до Милан, имаат ниска зона на емисии.