Lots of cash money. Euros. euro money banknotes. Money Euro background

Во земјава има околу 28 илјади граѓани кои во домашните банки чуваат суми од над 30.000 евра. Ова го покажуваат Податоците во последниот извештај на Фондот за осигурување на депозити направен, покажува дека заклучно до јуни дури 28.486 штедачи имаат износи над 30.000 евра.

Вкупната сума пари на тие заштеди е 2,18 милијарди евра.

Истовремено, во 15-те банки во земјава (извештајот е правен пред пропаста на Еуростандард банка) штедачите кои чувале во банките суми до 30.000 евра, имале вкупни депозити од 2,54 милијрди евра, а такви биле 2.769.058 штедачи.

Ова покажува дека многу од граѓаните имаат по повеќе штедни партии, најверојатно распоредени по различни банки, заради избегнување на ризик со оглед на тоа што Фондот за осигурување на депозити согласно законите ги обештетува штедачите до максимум 30.000 евра.

ПРЕТХОДНА ВЕСТБоинг ќе отпушти уште 7.000 вработени
СЛЕДНА ВЕСТОколу 80 загинати во земјотресот во Турција