Продолжуваат напорите за спасување во осум згради во западниот турски град Измир по земјотресот што ја зафати областа во петокот. Турските власти соопштија дека загинале 79 луѓе, сите во Измир, додека двајца тинејџери загинале на грчкиот остров Самос. Над 3.500 шатори и 13.000 легла се испорачани за да се обезбеди привремено засолниште, соопшти турската служба за катастрофи и вонредни состојби, според која, 962 лица биле повредени во земјотресот. Турција се наоѓа на линиите на раседи и е подложна на земјотреси. Во 1999 година, во два силни земјотреси загинаа 18.000 луѓе во северозападна Турција.

Петочниот земјотрес, за кој институтот Кандили, со седиште во Истанбул, соопшти дека имал јачина од 6,9 степени, бил центриран во Егејското Море, северо-источно од Самос. Главниот земјотрес беше проследен со стотици последователни помали земјотреси. Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар во Егејското Море северо-источно од островот Самос. Земјотресот бил на длабочина од околу 16 километри.

ПРЕТХОДНА ВЕСТНад 28.000 граѓани во земјава имаат над 30.000 евра заштеди или вкупно 2.18 милијарди евра
СЛЕДНА ВЕСТФилипче порачува: Носете маска на отворено, штити од ковид-19, настинки и од аеро загадувањето