Компанијата Евростил-М од Струмица, Македонија е првата компанија од Македонија номинирана за првите топ 100 компании за достигнувања во 2020 European Quality Award 2020 од Експертскиот совет European Quality (Oxford UK). Критериуми според кои е избрана компанијата е резултат на стратегијата и менторинг која Регионалниот Иновациски Центар од Струмица БИЦСР ја има развиено за компанијата.
Ксенија Вангелова директорот на БИЦСР изјави дека тие има развиено стратешки план за развојната компонента на компанијата во која учествуваат повеќе тимови и тоа Машински Факултет од УКИМ, Скопје, предводен од проф. др. Радмил Поленаковиќ, на стратегија на заштеда на енергија и оптимизација на производство заедно со инженери и тим од CYRIC Бизнис Иновацискиот Центар од Кипар, предводен од проф. др. Panayiotis Philims , потоа инженери од ЕЛКО-ИНГ компанија од Струмица која резултираше со креирање на патент за ORC system за заштеда на енергија и оптимизација на производство.
“Наша стратегија е да развиеме апсолутно совршена база на односи со клиентите преку квалитетни услуги и доверба, базирана на користење на најдобрите суровини и понуда на најдобар квалитет на мебел. За таа цел беа спроведени обуки од страна на BICSR преку експерти за секторска организација на компанијата. Нашата стратегија е преку ваквите активности да се постигне иден раст, како и да се изградиме како бренд за мебел на македонскиот пазар кој е еден од водечките и најквалитетните производители, како и да го ориентираме нашето производство за надворешни пазари како што се Англија, Кипар и Швајцарија за кои компанијата е во постапка за потпишување на преддоговори за извоз.”
Проектната идеја, ќе ја развие повторната употреба на отпадот од производството што би можело да резултира со поголемо производство на ресурси и намалување на негативното влијание врз животната средина. Дополнително, ќе биде креирана алатката за планирање на производството на енергија што го проширува процесот на флексибилност и профилот на потрошувачка на енергија.