Home МАКЕДОНИЈА Во Сарај вчера казнети 211 возачи

Во Сарај вчера казнети 211 возачи

0
Во Сарај вчера казнети 211 возачи

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, во текот на вчерашниот ден само на територијата на општина Сарај МВР изрече вкупно 211 казни, од кои 26 за возење без возачка дозвола , 31 за неисправни и нерегистрирани возила и 31 казна за неносење на заштитна маска.

МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.