Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-пандемиските мерки.

Во август, тие се зголемени за неверојатни 49 проценти во споредба со истиот период една година претходно, покажуваат податоците на „Токуо Ѕhоkо Rеѕеаrсh“.

Анализата покажува дека вкупниот број стечаи предизвикани од кризата, од јануари до август годинава, достигна 1.026, што претставува 26 проценти од сите бизнис банкроти во Јапонија за тој период.

Податоците покажуваат дека 20% од банкротираните фирми се барови, кафеани или ресторани.

„Само во јули, Јапонија регистрираше 138 стечаи предизвикани од мерките преземени за спречување на пандемијата. Од јануари, нивниот број останува над 1.000″, информираат од „Токуо Ѕhоkо Rеѕеаrсh”.

Градежништвото, текстилот и производство и преработката на храна исто така се сериозно погодени од мерките.

ПРЕТХОДНА ВЕСТВолстрит се крева, инфлацијата попушта
СЛЕДНА ВЕСТ„Тесла“ отвора продажен салон во Хрватска