Од денес на бензинските пумпи ширум државата ќе се точи поевтино ЕУРОСУПЕР БС-95. Цената на ова гориво по последната одлука на регулаторното тело бележи пад за половина денар.
Тоа значи дека од денес тој дериват ќе се точи по цена од 68,00 ден/лит.
Останатите нафтени деривати и горива не бележат промени во цените.
ЕУРОСУПЕР БС-98 останува 70,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се точи и неделава за 60,00 ден/лит, а екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 59,50 ден/лит.
Мал пад регистрира и цената на мазутот која ќе биде 34,596 ден/кг.