Ел Салвадор размислува за воведување на биткоинот како законско средство за плаќање, што би ја направило првата земја во светот што ќе го направи тој чекор. Претседателот на Салвадор, Наџиб Букеле, ја поднесе оваа иницијатива и сега таа треба да биде поддржана од Конгресот, на чиј дневен ред ќе биде следната недела.

Доколку стане официјална валута на Ел Салвадор, биткоинот би се користел во оваа централноамериканска земја заедно со американскиот долар. Покрај тоа, Букеле објасни дека биткоинот ќе им олесни на луѓето од Ел Салвадор кои живеат во странство да испраќаат плаќања.

Ова ќе создаде голем број работни места на краток рок и ќе помогне да се обезбеди финансиско вклучување на илјадници надвор од формалната економија. Исто така, тоа може да поттикне инвестиции во нашата држава”, рече Букеле.

Доколку оваа иницијатива биде усвоена, Букеле истакна дека постои можност 70 проценти од жителите на Салвадор, кои немаат жиро сметка, да имаат можност за финансиски услуги.

Повеќе од два милиони луѓе со потекло од Салвадор живеат во странство, но сепак одржуваат блиски врски со својата татковина, инвестирајќи повеќе од четири милијарди долари секоја година во неа.

Букеле не даде повеќе детали за тоа како може да работи политиката на користење биткоин како официјална валута, но тој истакна дека употребата на биткоинот може да ги подобри животите и иднината на милиони луѓе.

ПРЕТХОДНА ВЕСТПлан за спас на економијата-пандемијата ја урна, инвестициите ќе ја враќаат во живот
СЛЕДНА ВЕСТАХВ организира дебата по повод Светскиот ден на безбедна храна