Македонската берза го објави билтенот за месец јули, каде е наведено дека Комерцијална Банка е на врвот на најтргуваните акции во Македонија. Останатите се:
- Алкалоид Скопје
- Гранит Скопје
- Макпетрол Скопје
- Стопанска Банка Скопје
Вкупно биле извршени 1319 трансакции со вкупен промет од 382,668,819 денари.
Блок трансакциите во јули изнесувале 34.373.025 денари и бележат висок пад од 50,34%.
Според количината на истргувани акции, трет месец по ред најтргувани се акциите на Гранит АД Скопје со 42.585 истргувани акции.
На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 27.590, а акциите на Стопанска банка АД Скопје го заземаа третото место со 13.400 истргувани акции.