Во периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година, НЛБ БанкаАД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2020-та година, притоа од Март 2020 прилагодувајќи го тековното работење на ново настанатата ситуација со пандемијата КОВИД-19, се со цел да се зачува високата ликвидност и солвентност, паралелно со непрекинато давање на услуги и финансиска поддршка на клиентите.
Во анализираниот период, Банката оствари нето добивка во износ од 705.377 илјади МКД, што претставуванамалување за 26,8%во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година.
Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати во изминатата година, во првата половина од 2020-та беа наградени од:
– Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2019кадеНЛБ Банка АД Скопје, четврта година по ред, e избрана за Најдобра банка во Македонија.
Заклучно со 30.06.2020 годинабилансната сумаизнесува 92.309.140 илјади МКД, односно се зголеми за 4.132.193 илјади МКД или 4,7% во однос на 31.12.2019 година.
Паричните средства и паричните еквивалентиизнесуваат 16.617.200 илјади МКД и бележат намалување од 9,5% во однос на 31.12.2019 заради намалено вложување во благајнички записи и намалена состојба на краткорочни депозити во банки.
Кредитите и побарувањата од банкибележат зголемување од 92.503 илјади МКД во однос на 31.12.2019 или 21,8%.
Вкупните Кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 56.575.203 илјади МКД и бележат зголемување од 3,4% во однос на 31.12.2019.
Вложувања во хартии од вредностизнесуваат 14.767.819 илјади МКД и се зголемени за 35,3% во однос на 31.12.2019 како резултат на вложувања во еврообврзници.
Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувањаво однос на претходната година се намалени за 8,4%.
Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки)изнесуваат 76.089.390 илјади МКД и во однос на 31.12.2019 година се зголемени за 3.753.323 илјади МКД или за 5,2%.
Обврски по кредитисе намалени за 150.037 илјади МКД или за 23,3%.
Субординираните обврскисе зголемени за 0,4% во однос на 31.12.2019 година.
Акционерскиот капитал и резервите на Банкатасе зголемени и изнесуваат 12.229.202 илјади МКД.
Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2020 година се пониски за 1,5% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,1%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 18,5% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски.
Нето приходите од провизиисе пониски за 3,8% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се намалени за 2,1% како резултат превземените мерки на Банката за олеснување на последиците од КОВИД -19 пандемијата како што се укинување на надоместоците за електронско банкарство и ПОС терминали, како и пад кај приходите во доменот на картично работење поради намалената активност на клиентите во услови на криза.