Маж во САД тврди дека работодавачот му барал да му ја врати платата која ја добил во август минатата година, а која била исплатена со криптовалути.

После растот на овие валути за дури 700 % во одредени месеци, работодавачот на еден од своите вработени му барал да ја врати платата, пишуваат медиумите во САД. Во овој случај не е наведено за која криптовалута станува збор.

Работодавачот навел дека „работата што ја извршува вработениот, не придонел на компанијата со моменталната вредност на криптовалутата“, поради што морало да биде платен со американски долари, а не во криптовалута.

Плаќањето со криптовалути стана хит, особено во САД, а е многу ризично со оглед дека станува збор за нова валута. Но, како неговата вредност порасна на 700%, работодавачите се внимателни дали ќе им даваат на вработените криптовалута, или долари.