Home МАКЕДОНИЈА Бектеши очекува продолжување на работното време на угостителите до 23 часот

Бектеши очекува продолжување на работното време на угостителите до 23 часот

0
Бектеши очекува продолжување на работното време на угостителите до 23 часот

Од 21 јануари најверојатно ќе има продолжување на работното време за угостителите и по 21 часот, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Бектеши истакна дека не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде продолжувањето на работното време ќе зависи од Комисијата за заразни болести.

Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот, рече Бектеши.