Денот и ноќта ќе бидат со иста должина до 25 септември.

Есента ќе пристигне на северната хемисфера вечерва во 21:21 часот.

– Во тој момент, Сонцето ќе биде во рамнината на екваторот на Земјата, односно, како што би рекле астрономите, поминува од северната кон јужната небесна хемисфера.
Во исто време, започнува пролетта за жителите на јужната хемисфера.
На денот на почетокот на есента, денот ќе трае 12 часа и 14 минути, а денот и ноќта ќе бидат со иста должина на 25 септември.
На денот на есенската рамноденица, денот и ноќта не се со иста должина, бидејќи Земјата има атмосфера, која навидум го крева сонцето над хоризонтот .

ПРЕТХОДНА ВЕСТЗемјотрес со јачина од шест степени го погоди Мелбурн
СЛЕДНА ВЕСТРечиси 700 илјади граѓани се целосно имунизирани против ковид-19