Петнаесет земји го формираа најголемиот светски трговски блок, покривајќи скоро третина од светската економија.

Регионалното сеопфатно економско партнерство (РЦЕП) опфаќа 10 земји од Југоисточна Азија, како и Јужна Кореја, Кина, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

На пактот се гледа како продолжување на кинеското влијание во регионот.

Договорот ги исклучува Соединетите Американски држави, кои се повлекоа од ривалскиот азиско-пацифички пакт во 2017 година.

Претседателот Доналд Трамп ја повлече својата земја од Транс-пацифичкото партнерство (ТПП) непосредно по стапувањето на должноста. Договорот требаше да вклучува 12 земји, а беше поддржан од претходникот на Трамп – Барак Обама како начин да се спротивстави на растечката моќ на Кина во регионот.

Преговорите за РЦЕП започнаа во 2012 година. Договорот беше потпишан во неделата на маргините на состанокот на Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН), чиј домаќин беше Виетнам.

„Со задоволство можам да кажам дека по осум години напорна работа, заклучно со денес, официјално ги доведовме преговорите за РЦЕП до потпишување“, рече виетнамскиот премиер Нгујен Ксуан Фук.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЗа Пошта има заинтересирани, ќе се продава Попова Шапка и Ливадиште
СЛЕДНА ВЕСТКакви се очекувањата на Гранит АД Скопје за периодот што следи