Има интерес за продавање на дел од државните компании и тие во кои државата е доминантен сосптвеник, изјави вчера вечерта премиерот Зоран Заев кој заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, професори и експерти дебатираа за Предлог-буџетот за 2021 година на Националниот јавен сервис. Заев веќе објави дека државата планира на таков начин да финансира догодина дел од буџетските потреби а во игра за продажба се „Железници и транспорт“, „Македонски пошти“, „Еврокомпозит“. Сепак ќе се нудат на продажба и Попова Шапка, Ливадиште, ТЕЦ Неготино и слични ресурси.

„Очекуваме да се зголемат перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал, тоа може да биде до 100 отсто откупување, може да биде јавно-приватно партнерство, државата да задржи еден дел, а под концесија да се даде друг дел и слично. Станува збор за неефикасни ресурси во рацете државата и тие треба се стават во функција на нови приливи во Буџетот. За „Македонски пошти“ веќе има заинтересираност од повеќе европски земји“, рече премиерот Заев.

Тој нагласи дека заинтересирани за Пошта веќе има од Австрија, Словенија, Романија, Чешка

Премиерот Заев вели дека анализите покажуваат дека има голем потенцијал и во можностите од продажба на земјоделското земјиште согласно одредени услови по пазарни цени што е во државна сопственост кое се проценува со вредност од повеќе од 2 милијарди евра, а од продажба на дел од него се очекуваат 200 до 300 милиони евра во 2021, 2022 и 2023 –та“. Тој рече и дека очекува 20 до 40 милиони евра од регистрирање на автомобилите со странски таблички.

Поранешниот министер за финансии Трајко Славески смета дека државата не треба да продава земјоделско земјиште.

„На пример продажбата на државен имот, некои претпријатија кои се спомнаа прашање е сега која е нивната вредност прво, ако се работи за загубари, која е вредноста на нашите железници кои се слепоцрево во Европа.Знаеме како функционираат и колкав ќе биде интересот, поштата која ја девастираме со години, се пропушти можноста една генерација односно пред 12-13 години да се продаде на заинтерсираниот инвеститор на канадските пошти и таа има многу мала вредност, истакна Трајко Славески, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.