Од Европската комисија наведуваат дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против перењето пари и изворите за финансирање на тероризам.
Од денеска во ЕУ ќе се применуваат бројни измени што дополнително ќе ги заострат правилата и уште повеќе ќе го отежнат движењето на големи количини на „неоткриена“ готовина.
Прво, дефиницијата за „готовина“ според новите правила ќе се прошири за да вклучува златници и одредени други златни предмети.
Второ, царинските власти ќе можат да постапуваат и по износи помали од 10.000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со криминална активност.
Конечно, царинските власти исто така ќе може да побараат изјава кога ќе забележат дека готовина од 10.000 евра или повеќе се испраќа без придружба од пошта или курир.
Новите правила ќе обезбедат надлежните органи и националните единици за финансиско разузнавање во секоја земја-членка да имаат информации потребни за следење и решавање на движењето на готовина која може да се искористи за финансирање на нелегални активности, заклучуваат од Брисел.