За само неколку години, Кина успеа да ја изгради најдолгата железничка мрежа во светот, а истовремено да има и најбрзи пруги на планетата.

За разлика од непријатните и бавни возови кои се од почетокот на овој век, најнаселената земја во светот успеа брзо да произведе супер брзи возови што сообраќаат на шини со вкупна должина од 37.900 километри и ги поврзуваат сите поголеми градови.

Од наведениот број на километри од пругата, половина е изградена во последните пет години. Се очекува до крајот на оваа година да бидат изградени уште 3.700 километри пруга. До 2035 година Кина треба да има 70.000 километри шини за супербрзи возови.

На повеќето железнички линии, возовите достигнуваат брзина до 350 километри на час. Ова го смени начинот на патување од град во град, односно стави крај на доминацијата на воздушниот транспорт помеѓу големите градски центри.

Современата железница во Кина има повеќе значења. Тоа е симбол на економска и растечка технолошка моќ, брза модернизација и просперитет. Комунистичката партија на оваа земја и нејзиниот лидер Си Џининг исто така ја користат железничката пруга за да создадат социјална кохезија, да интегрираат различни делови на земјата и да постигнат политичко влијание.

До крајот на минатата година, Кинеските национални железници собраќаа повеќе од 9.600 супер брзи возови дневно. Кинезите прават и прототипи на супер брзи возови кои достигнуваат брзина и до 400 километри на час. Во исто време, Кина се поврзува со други земји со железница.

Кинезите не планираат да го запрат развојот на железничкиот транспорт, тие ќе инвестираат милијарди долари за развој на овој вид транспорт. Технолошки, тие планираат да ги надминат границите и да произведат воз чија максимална брзина треба да биде неверојатни 620 километри на час.

ПРЕТХОДНА ВЕСТОд денеска нови правила за пренесување на готовина преку границите на ЕУ
СЛЕДНА ВЕСТCoinbase го излиста “догикоин” на професионална платформа за тргување