Измените на Законот за електронските комуникации се во собраниска процедура. Предлагач на измените е Владата. Целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации е да се ограничат, да се забранат и/или да се наметнат специфични барања и услови базирани на процена на ризик во однос на снабдувањето, употребата и работењето на опремата за електронските комуникациски мрежи со цел да се обезбедат т. н. „чисти електронски комуникациски мрежи“.

„Меѓу другото, земајќи ги предвид и безбедноста на критичните и чувствителни делови на електронските комуникациски мрежи, безбедноста на самата опрема или околината (употреба, интерконекција итн.), ризик од инволвирање на трета земја во ланецот на снабдување на опрема за електронските комуникациски мрежи, ризик од голема зависност од еден добавувач и производител на ниво на оператор или на национално ниво, како и да се елиминираат ризици за националната безбедност“, се посочува во законското образложение

„Со предложените измени на Законот за електронски комуникации се прави процена на профилот на ризик кај добавувачите и производителите на опрема за електронски комуникациски мрежи. Агенцијата за електронски комуникации, во соработка со Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти, ќе прави процена на профилот на ризик со сите релевантни добавувачи и производители на мрежна опрема на национално ниво.

Се наметнуваат обврски до операторите со цел да имаат воспоставени процедури и треба да преземат мерки и соодветна контрола со цел ефикасно управување со потенцијалните ризици, како што се специфични побарувања за добавувачи и производители согласно на нивниот профил на ризик, преку соодветна автентикација, авторизација, евидентирање на записи и проверка со цел да се има јасна евиденција на пристапот до податоците и конфигурациските промени на мрежните елементи.

Се обезбедува безбедно управување, работа и мониторирање на електронските комуникациски мрежи, како и контрола кога надлежностите за одржување на мрежната опрема е пренесена на друго лице. А воедно и обезбедување на различни добавувачи и производители на мрежна опрема. Го имаат предвид вкупниот ризик на влијание врз снабдувачот и производителот од трета земја, особено во врска со нејзиниот модел на управување, отсуството на договори за соработка за безбедност или слични аранжмани, како што се одлуки за соодветност, во врска со заштитата на податоците, или дали оваа земја е страна на мултилатерални, меѓународни или билатерални договори за сајбер безбедност, борба против компјутерски криминал или заштита на податоци“, се образложува во законските измени.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЧешка и Словачка ја критикуваат ЕУ поради односот кон С. Македонија
СЛЕДНА ВЕСТСекторот за финансиски услуги во Македонија е подготвен за финтек-трансформација